Со осигурувањето од автомобилска одговорност, сопственикот, односно корисникот на возилото,ја осигурува својата граѓанско-правна одговорност за штети што, со употреба на своето возило, по своја вина-одговорност ќе ги причини на трети лица.
Така, причинетата штета, до висина на осигурителното покритие,на оштетениот директно ќе му плати осигурувачот кај кој сопственикот на возилото ја осигурал својата одговорност, без право исплатениот износ да го рефендира од причинителот,освен во случаи предвидени со закон (непоседување на возачка дозвола, неосигурено возило и управување на возилото под дејство на алкохол).