ЈДБ Брокер започна со работа на 15 јули 2008 година. Друштвото е формирано согласно Законот за супервизија во осигурување. Сопственик и извршен директор - Бранкица Павлеска.
Од моментот на своето формирање па се до денес, друштвото бележи постојан успех во своето работење.
Основа цел на ЈДБ Брокер А.Д.- Скопје е да води грижа за целокупниот имот на постојаните и идните клиенти, како и да обезбеди најповолен избор помеѓу понудите за осигурување од осигурителните компании. Нудиме посакувана, брза и професионална услуга. Тука сме за Вас, за да ги задоволиме Вашите барања во највисок квалитет, а секако доказ за тоа е нашето повеќе годишно искуство.
Веруваме дека лојалноста, посветеноста, енергијата, одговорноста и интегритетот во работењето се наши заеднички именители.
ЈДБ Брокер располага со искусни, посветени и професионални брокери кои се грижат за Вашите потреби. Ваш бенефит е да соработувате со ЈДБ Брокер - фирма со професионален карактер и позитивна референца.
Информирајте се за нашите услуги.